Гугл призна дека прислушува
Објавено на од во Компании

Google призна дека вработените слушаат лични евиденции на луѓе кои го користат системот Google Assistant или уредите на Google Home, објави АП.

google-wИнформациите дојдоа откако вчера стана јасно дека компанијата го испитува протекувањето на 1.000 записи направени од уредите на компанијата во Белгија и Холандија.

Белгиската телевизија VRT ги обелодени снимките, а Google веднаш изјави дека записите доаѓаат од работникот кој е зафатен со слушање разговори за подобрување на јазичните вештини на паметните уреди на компанијата.

Според телевизијата, повеќето од снимките се кратки и се направени во време кога луѓето ги користат Google Assistant и уредите Google Home, кога корисниите ќе ги употребат зборовите “Ok Google” или “Hey Google”.

Но,како што објавува VRT имало и други записи направени кога луѓето не ги користеле услугите на Google преку употребата на „магичните“ зборови. Тоа се околу 153 записи, вклучувајќи: домашни скандали; разговори во спалната соба помеѓу партнери; телефонски разговори кои содржат лични и доверливи информации; родителите зборуваат со своите деца и други.

Технолошкиот гигант веќе истражува како снимките дошле до телевизијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×