Ѓукановиќ: Протестите се руско масло за загрозување на евроатланската интерграција на Црна Гора
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Црногорскиот премиер кој се соочува со масовни протести со кои се бара негова оставка, Мило Ѓукановиќ, вчеравечер директно ја обвини Русија за поддршка на протестите.

„Нема никакво сомнение после двете соопштенија од Министерството за надворешни работи на Русија дека руската политика е на страната на организаторите (на протестот)“, изјави Ѓукановиќ во интервју што вчера го емитуваше ТВ Федерација БиХ.

Според него, поради поддршката на Русија на протестантите во Црна Гора, треба да биде загрижен не само тој и неговата Влада, туку и сите оние кои ја поддржуваат евроатлантска интеграција на земјата.

„Ова не е битка само на Црна Гора. Ова е обид да се запре европската и евроатлантската интеграција на Балканот“, оцени црногорскиот премиер.

Тој обвини дека протестите ги организираат просрпски партии чија крајна цел е да се создадат услови за поништување на независноста на Црна Гора, а шансите да се создадат вакви услови, смета Ѓукановиќ, сосем би исчезнале ако земјата влезе во НАТО.

Минатата недела Евроактив пренесе дека Црна Гора во декември може да очекува покана за членство во НАТО, а ова станало јасно на средбата меѓу преставници на НАТО и на Црна Гора што се одржа на 14 октомври во Подгорица. Сигнали дека ќе ја поддржат Црна Гора за влез во НАТО има и од САД.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×