Ѓулен би прифатил екстрадиција во Турција ако така одлучат САД
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Турскиот исламски духовник, Фетулах Ѓулен, и водач на движењето Хизмет, кого турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го обвинува за вмешаност во обидот за државен удар, изјави синоќа дека ќе прифати евентуално решение за негова екстрадиција од страна на американската Влада.

Ердоган претходно го повика американскиот претседател Барак Обама да го екстрадира Ѓулен. „Господине претседателе, ви велам – или депортирајте го или предадете ни го овој човек кој живее на 400 акри земјиште во Пенсилванија. Ви имам кажано дека тој беше вклучен во заговори за државен удар, но не ме слушавте. Сега повторно, по државниот удар, пак ви го кажувам тоа“, рече турскиот претседател.

Американскиот државен секретар Џон Кери одговори дека САД очекуваат сега да бидат покренати прашања поврзани со Ѓулен, но побара од Турција да достави докази за неговата вина.

Ѓулен синоќа одново ги отфрли обвиненијата дека е поврзан со државниот удар и го обвини Ердоган дека лично тој го исценирал.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×