Гутереш: Светот ќе ја изгуби кочницата за нуклеарна војна
Објавено на од во Политика
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изрази загриженост поради порастот на тензиите меѓу нуклеарните држави, предупредувајќи дека со истекувањето на договорот за ракети од среден дострел (ИНФ) во петок вечер, „светот ќе остане без кочница за нуклеарна војна која е од непроценлива вредност“.
гутереш„Ова веројатно ќе ја зголеми, а не намали заканата која ја претставуваат балистичките проектили“, рече Гутереш и додаде дека силно ги охрабрува САД и Русија да ја продолжат важноста на таканаречениот „Нов СТАРТ“ договор за да обезбедат стабилност и време за преговори за идните мерки за контрола на вооружувањето.
Гутереш исто така рече дека „го мачат“ и економските тензии меѓу САД и Кина.
Генералниот секретар на ОН предупреди на можноста да се создадат два конкурентски блокови – секој со сопствена доминантна валута, трговски и финансиски правила, сопствен интернет и стратегија за вештачка интелигенција, како и со спротивставени геополитички и воени населенија.
Договорот за уништување ракети од мал и среден дострел е мртов
Еден од најважните договори за контрола над оружје потпишан од поранешниот американски претседател Роналд Реган и советскиот лидер Михаил Горбачов пред 30 години – Договорот за уништување ракети со мал и срееден дострел е мртов, јавија американски медиуми.
И САД и Русија се повлекоа од договорот што на англиски се нарекува Intermediate-range Nuclear Forces treaty (INF).
Во првичните коментари во САД се нагласува дека ако двете сили не одлучат да го продолжат дејството на договорот или не го заменат со нов договор СТАРТ, што прекинува со важност во 2021 година, за првпат по половина век нема да има никакви ограничувања за двата најголеми нуклеарни арсенали во светот.
Новиот договор за намалување на стратешкото оружје (New Strategic Arms Reduction Treaty) беше потпишан на 8 април 2010 година од САД и Русија и стапи на сила на 5 февруари 2011 година. Американскиот претседтаел тврди дека сака нов договор за контрола над оружјето потпишан од САД, Русија, но и од Кина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×