Гувернерот со порака до банките да прикочат со потрошувачки кредити
Објавено на од во Финансии

Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, им пратил порака на банкарите да прикочат со одобрувањето на потрошувачките кредити. Тој истакна дека Народната банка веќе размислува да воведе монетарни мерки со кои што ќе ги дестимулира банките да одобруваат потрошувачки кредити, а наспроти тоа повеќе да ги кредитираат фирмите.

„Се уште размислуваме какви мерки ќе донесеме за да ги дестимулираме банките да даваат потрошувачки кредити. Со тоа сакаме да пратиме порака кредитите повеќе да се насочат кон приватните фирми и за купување станови. Најверојатно ќе побараме банките да издвојуваат поголем капитал за секој одобрен потрошувачки кредит така што ваквото кредитирање ќе им стане недоволно атрактивно. Мерките ќе се донесат превентивно бидејќи токму кај потрошувачките кредити наплатата може најлесно да се влоши што ни покажа и искуството од 2009 година во услови на криза“, истакна Богов.

Според податоците на Народната банка, граѓаните заклучно со септември вкупно им должат на банките 1,08 милијарди евра врз основа на потрошувачки кредити и кредитни картички што е за 14,3% повеќе отколку лани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×