Hala Madrid! Реал Мадрид повторно најбогат фудбалски клуб на светот
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Кралскиот клуб сега е единствениот клуб во светот кој има најголеми комерцијални приходи како процент во своите вкупни приходи.

Actualidad_338727616_97501541_1024x576

Според реномиранaта фудбалска финансиска лига на Deloitte, трите најбогати фудбалски клубови се: Реал Мадрид, со 750,9 милиони евра, ФК Барселона со 690,4 милиони евра и Манчестер Јунајтед со 666 милиони евра.

Трите клуба заедно оствариле вкупен приход од 2,1 милијарди евра, што е повеќе од двократно зголемување во однос на приходот пред 10 години за сезона 2008/09.

Приходите од пренос на играчи остануваат најголем извор во вкупните приходи, со 43% . Забележан е тренд на раст во комерцијални приходи како спонзорства, трговија и експлоатација на пресезонските подготвителни натпревари, кои сега чинат 40% во вкупната сума. Приходот од натпревари останува непроменет со 17% учество во вкупниот приход.

Со рекордни 750,9 милиони евра, Реал Мадрид се враќа на првото место на листата на Deloitte, за прв пат по сезоната 2014/15, со 60,5 милиони евра повеќе од второпласираниот клуб, ФК Барселона.

Кралскиот клуб ова го должи на долгата успешна историја, како и на трите последователни титули во Лигата на шампионите, овозможувајќи му партнерства со најуспешните европски клубови и енромно зголемување на комерцијалните приходи. Тој е сега единствениот клуб во светот кој има најголеми комерцијални приходи како процент во своите вкупни приходи.

Иако Манчестер Јунајтед е на трето место, англиската Премиер лига има 6 клубови меѓу првите 10 најбогати, што е најголем број некогаш од само една држава. Тотенхем Хотспар со 428,3 милиони евра повторно се наоѓа во првите 10 по 2006/07, играјќи ја цела сезона на Вембли со што приходите од натпреварите се зголемиле за 54%.

Манчестер Сити со 568,4 милиони евра се наоѓа во првите 5, додека Ливерпул со 513,7 милиони евра е на седмото место по финалето во Лигата на шампионите 2017/18. Челзи го задржал осмото место со 505,7 милиони евра, а Арсенал на деветото место паднал поради отпаѓање од Лигата на шампионите, прв пат по 1997/98.

ПСЖ по две години константно паѓање успеал да ја поправи својата позиција за едно место и сега се наоѓа на шестото место. Доаѓањето на Нејмар Јуниор и Килијан Мбапе во летото 2017 година имало значјно влијание врз зголемувањето на приходите на клубот кои сега изнесуваат 541,7 милиони евра. Природно, големите фудбалски ѕвезди ги прават натпреварите погледани, а со тоа и комерцијалните приходи поголеми.

„Нашето истражување откри дека една фубалска ѕвезда има голем потенцијал во обезбедувањето конкурентска предност на клубот надвор од теренот, кој треба да се земе во обзир кога се осмислува стратегијата на клубот од аспект на изборот на играчите за пренос. Веќе видовме доказ за тоа како преминувањето на таквите играчи има позитивно финансиско влијание. Ќе биде интересно да го видиме преминот на Кристијано Роналдо во Јувентус, со оглед на тоа дека клубот не е меѓу првите 10 прв пат по 2011/12 година“, додаваат од Delloite.

Евертон, Вест Хем и Њукасл Јунајтед се во првите 20 најдобри, додека Баерн Минхен го зема четвртото место и веќе 11 години се наоѓа меѓу првите 5. Учеството на Бешикташ и Севиља во Лигата на шампионите било клучно за нивно пласирање на листата, каде се наоѓаат на 26-то и 27-мо место последователно.

„Очекуваме клубовите да стават повеќе акцент на генерирање сопствени приходи во наредната сезона, а посебно на оптимизација на комерцијалните приходи, што е клучна област во која се разликува растот на водечките европски клубови“, изјавил претставник на Delloite.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×