Халкбанк АД Скопје – добитник на престижното признание за придонес кон развој на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа „Креатори на столетието“
Објавено на од во Компании
Признанието го доделуваат Меѓународниот економски форум „Перспективи“ и Меѓународниот комитет за доделување награди и признанија „Креатори на столетието“ од Хрватска, во рамките на Регионалниот самит на претприемачи од Средна и Југоисточна Европа „300 најдобри“, кои годинава се одржаа од 22 до 24 март 2019 година во Дубровник, Хрватска.
08
Во присуство на високи државни претставници, значајни претставници од бизнис-секторот во земјата, како и клиенти и блиски соработници на Халкбанк, денес се одржа свеченост на која Халкбанк АД Скопје го доби престижното признание за придонес кон развој на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа „Креатори на столетието“ за 2018 г.
Признанието го доделуваат Меѓународниот економски форум „Перспективи“ и Меѓународниот комитет за доделување награди и признанија „Креатори на столетието“ од Хрватска, во рамките на Регионалниот самит на претприемачи од Средна и Југоисточна Европа „300 најдобри“, кои годинава се одржаа од 22 до 24 март 2019 година во Дубровник, Хрватска.
 Во рамките на Самитот „300 најдобри“, престижните награди и признанија „Креатори на столетието“ им беа доделени на повеќе поединци, компании, научно-образовни институции, локални и регионални заедници, невладини организации, медиуми и на сите оние што со посветена и креативна работа придонеле за развој на претприемништвото, а со самото тоа и за развој на целата заедница во која живееме и создаваме.
 Конкретно, наградата и признанието што го добива Халкбанк АД Скопје е за придонес кон развој на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа, а всушност се доделува на оние претприемачи, менаџери и други лица, организации и институции, кои особено придонеле и придонесуваат за развој на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа.
 „Навистина е чест да се прими ова престижно признание, особено што во однос на изминатата година навистина сме задоволни од огромните постигнувања на нашата компанија, и тоа не само од нашата финансиска успешност, туку и од успешноста со која им обезбедивме одлична услуга на нашите клиенти и на заедницата во која припаѓаме. Особено сме горди и што според официјалните истражувањана финансискиот пазар за 2018 г., клиентите ја рангираа нашата банка меѓу оние со најдобар квалитет на услугите, а, пак, 2018 година беше уште една рекордна година и во однос на резултатите, која заврши со раст од 20,5% и со достигнување профит од 10,6 милиони евра. Сите овие се показатели дека Банката цврсто и стабилно се искачува на финансискиот пазар во земјата, па оттука, би сакал да потенцирам дека наградата за придонес кон развој на претприемништвото е заслуга на сите наши вработени што посветено работеа во исполнувањето на целите на компанијата“, изјави Д-р Билал Суџубаши, главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје.
 Наградите ги доделија почесните гости, проф. д-р сц. Синиша Зариќ, претседател наМеѓународниот комитет на „Креатори на столетието“ и г. Винко Ќуро, претседател на Управниот одбор на МЕФ „Перспективи“, кои на настанот го најавија и Светскиот конгрес на претприемачи Северна Македонија 2019, кој годинава ќе се одржува во Скопје во октомври.
09

Д-р Билал Суџубаши, главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

 „Донесувањето одлука за избор на лауреати не е ни малку лесен процес и таа одлука ја носи независниот Меѓународен комитет за доделување награди и признанија ’Креатори на столетието‘. Од вкупно 411-те кандидати, Халкбанк АД Скопје е всушност една од 56-те наградени компании и поединци од шест земји, што е исклучително достигнување, и би сакал искрено да им честитам за постигнатиот успех и за нивната заслуга за развој на претприемништвото во Централна и Југоисточна Европа“, изјави проф. д-р сц. Синиша Зариќ, претседател наМеѓународниот комитет на „Креатори на столетието“.
 „Признанијата годинава ги доделуваме по петти пат на достојни поединци и компании што со своите посветеност, знаење, креативност, односи со заедницата и видливи резултати, придонесуваат за развој на претприемништвото, а со тоа и на целото општество. Сакаме јавно да ѝ оддадеме почит и на Халкбанк, бидејќи е меѓу главните двигатели на напредокот во заедницата во која дејствува, но и еден од креаторите на развојните предизвици за новото време“, рече г. Винко Ќуро, претседател на Управниот одбор наМЕФ „Перспективи“.
 На настанот истовремено беа доделени признанија „Креатори на столетието“ и на компаниите АДИНГ, Адора Инженеринг и АД Киро Дандаро, а на сите добитници со кратко обраќање им честиташе и доц. д-р сц. Зоран Шапуриќ, министер без ресор во Владата на РСМ, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, кој е и потпретседател на Научно-стручниот совет на Светскиот конгрес на претприемачи РСМ 2019.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×