Халкбанк ги намалува каматните стапки на потрошувачките и хипотекарните кредити
Објавено на од во Компании
Халкбанк ги намалува каматните стапки и надоместоците за обработка на кредитните барања на одделните типови на потрошувачки, станбени и хипотекарни кредити во промотивниот период до 15.12.2019
Logo HalkBanka„Промените што ги воведуваме се однесуваат на најбараните наши производи и се во контекст на задоволување на потребите на нашите клиенти, за што поповолни банкарски услуги. Веруваме дека со намалување на каматните стапки и надоместоци на најкористените кредитни производи, ќе придонесеме кон реализирање на личните инвестиции со прифатливо оптоварување на семејниот буџет. Оваа одлука ја следи мисијата на Халкбанк,да понудиме одлична услуга за нашите клиенти, предложувајќи им ги најдобрите решенија за нивните потреби и зголемување на задоволството од соработката со банката“, велат од Халкбанк.
Со промените што Халкбанк ги воведе, новиот потрошувачки кредит е со каматна стапка од 5,00% фиксна за првите 2 години, максимален износ до 1.200.000 денари, максимален рок до 120 месеци и со полиса за животно осигурување. Сите типови потрошувачки кредити во промотивниот период за аплицирање, до 15.12.2019, се без надомест за обработка.
Станбениот кредит, во понудата на Халкбанк, се одобрува без надомест за обработка за времетраењето на промотивниот период, односно до 15 декември 2019 година, и е со фиксна каматна стапка во првите 5 години. Со вклучувањето на осигурителната полиса во производите на Халкбанк се овозможува заштита на имотот од последица на несреќен случај, сигурност во отплатата и заштита на целото семејство.
Хипотекарниот кредит од Халкбанк, со можност за животно осигурување, е со варијабилна каматна стапка дефинирана како 5,25 процентни поени плус 6 месечен Еурибор за период од 1 година, додека за останатиот период е 5,75 процентни поени плус 6 месечен Еурибор. Аплицирањето без надоместок за обработка е достапно во промотивниот период што е активен до 15.12.2019 година.
За сите кредитни производи од понудата на Банката клиентите можат да аплицираат онлајн, на следниот линк, или во најблиската филијала на Банката.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×