Хамонд: Брегзит-от без договор ќе биде спречен
Објавено на од во Политика
Британскиот Парламент ќе го блокира Брегзит без договор доколку неизбрани луѓе, кои стојат зад премиерот Борис Џонсон, се обидат да ја извлечат Велика Британија без договор од Европската Унија на 31 октомври, изјави доскорешниот министер за финансии Филип Хамонд.
брегзитОбединетото Кралство се движи во правец на уставна криза на внатрешен план и се соочува со ЕУ откако Џонсон вети дека неговата земја ќе ја напушти Унијата во рок од 78 дена без договор, доколку ЕУ не се согласи на повторни преговори за Брегзит.
По повеќе од три години доминација на темата Брегзит со нејзината политика Унијата во повеќе наврати одбиваше повторно да преговара за договор за британското напуштање на ЕУ што вклучува гаранции за политиката кон ирската граница која претходничката на Џонсон, Тереза Меј, ја договори лани во ноември.
Хамонд, кој три години ја извршуваше должноста министер за финансии во владата на Меј, изјави дека неизбрани луѓе во кабинетот на Џонсон го ставија Лондон на „неизбежен“ курс кон Брегзит без договор, барајќи да се укинат аранжаманите кон ирската граница.
„Луѓето кои стојат зад тоа знаат дека тоа значи дека нема да има договор. Парламентот очигледно се противи на заминување без договор, и премиерот тоа мора да го почитува“, изјави Хамонд за Би-Би-Си.
Првото негово јавно појавување по поднесувањето на оставката укажува на одлучноста на групата влијателни пратеници да ги спречат напорите на Џонсон на обезбедување Брегзит без договор.
Хамонд кажа дека е убеден дека парламентот, во кој мнозинството е против Брегзит без договор, ќе го најде патот да го блокираат таквиот исход.
Останува, сепак, нејасно дали пратениците имаат доволно единство и сила да го искористат 800 години старото срце на британската демократија за да го спречат Брегзит без договор на 31 октомври, што најверојатно ќе предизвика најголеми последици во британската политика по Втората светска војна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×