Хан: „Берлин плус“ не е замена за членство во ЕУ
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Еврокомесарот Јоханес Хан изјави денеска дека новиот германски план за западниот Балкан, „Берлин плус“, не е замена за членство во Европската унија.

„Тоа не е замена. Само ја покажува посветеноста на државите членки, особено на Германија, да инвестира во регионот“, изјави Хан на конференција за новинари во Белград, по состанокот со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Хан рече дека би сакал ова да не остане само како идеја, туку и да се најдат средства за финансирање на овој план.

„Важно е на вистински начин да се насочат инвестициите, во вистинска насока, за да не се расплинат во различни правци“, додаде Хан.

Германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Гарбиел, на почетокот на јуни го претстави новиот план за Западен Балкан; агендата „Берлин плус“, како дополнителен поттик за Берлинскиот процес, со цел од регионот да се направи атрактивен економски простор, а на локалното население да му се донесе видливо подобрување.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×