Хан: Европратеници да ја решат кризата во Македонија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, кој синоќа пристигна во земава, дојде со предлог за решавање на политичката криза, која се темели на решението на Брисел за надминување на институционалната криза во Албанија.

Имено, решението кое вчера од Брисел го соопшти Хан, се темели на тоа европратеници да посредуваат при надминување на кризата.

„Побарав од претставниците на главните политички партии во Европскиот парламент да направам сличен напор каков што имавме успех во Албанија каде што претставниците на Европскиот парламент, Кукан и Флекештајн успеаа да постигнат договор кој доведе до ситуација опозициската партија да се врати во парламентот и мислам дека тоа е добар пример. Бидејќи го засега парламентот, логично е Европскиот парламент а не комисијата да го направи тоа. Тие се подготвени да го сторат тоа и јас сум среќен и се надевам на успех“, изјави Хан.

Денес, Хан веќе се сретна со претседателот Ѓорѓе Иванов, а во моментот во тек е средбата со вицепремиерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими.

Подоцна е најавена средба и со претседателот на Собранието, Трајко Вељановски. Во текот на денот, тој треба да се сретне и со премиерот Никола Груевски, како и со лидерите политичките партии во земјава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×