Хан и тројката европратеници во вторник доаѓаат во Македонија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, заедно со тројцата европратеници – Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, во вторник ќе пристигнат во Македонија, јави дописникот на МИА од Брисел.

Ова денеска го потврди портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, истакнувајќи дека Хан и тројката европратеници што и досега посредуваа во преговорите на македонските политички партии, освен со лидерите на партиите, во Скопје ќе се сретнат и со претседателот Ѓорге Иванов, во нов обид да го убедат шефот на македонската држава да го додели мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Можам да потврдам дека комесарот Хан ќе патува во Скопје во вторник, следната недела, а тоа е 21 март, заедно со тројцата европратеници Флекенштајн, Кукан и Вајгл. Заедно, тие ќе се сретнат со претставниците на сите парламентарни партии, како и со претседателот Иванов, и ќе ја повторат цврстата позиција на ЕУ за почитување на исходот од изборите и да се дозволи продолжување на демократските процеси со брзо формирање реформски ориентирана Влада, која ќе продолжи со имплементација на договорот од Пржино. Исто така, да потсетам дека вчера, за време на состанокот на лидерите на Самитот на шест западно-балкански држави во Сараево, комесарот Хан ја истакна важноста од регионална соработка и предупреди на ризик од разгорување на тензиите, вклучително и меѓуетнички, преку изјави или дејствија што ќе ги поткопаат добрососедките односи“, истакна Коцијанчич.

На прашањето дали е можно да се очекува посеопфатни преговори на Хан и македонските политички лидери што може да доведат до некој нов, можеби трет пржински договор, со кој би се направил обид за намалување на тензиите во Македонија и уште еден обид за излез од политичката криза, гласноговорничката на Еврокомисијата со одговор:

„Како што веќе реков, ние веруваме дека меѓу работите што треба да се случат е договорот од Пржино да биде имплементиран“, беше децидна Коцијанчич.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×