Хан изрази сериозна загриженост за политичката состојба во Македонија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Откако, по вчерашната посета на Македонија, еврокомесарот за регионална соработка, Јоханес Хан, не даде официјална изјава во јавноста, Европската комисија денес се обрати преку соопштение.

Во соопштението објавено на официјалната страна на Хан на Европската комисија, се вели дека тој изразува сериозна загирежност за актуелната политичката состојба во земјава и бара сите политички актери да се вклучат во конструктивен дијалог во парламентот.

„Во своите разговори со претседателот Иванов, премиерот Никола Груевски, министерот за надворешни работи Попоски и лидерот на СДСМ Заев, тој изрази дека ЕУ е сериозно загрижена за актуелната политичка ситуација и ги повика политичките актери да се вклучат во конструктивен дијалог во парламентот, и да се фокусираат на стратешките приоритети и цели на земјата и сите нејзини граѓани. Сите лидери мора да соработуваат со добра волја за да се надмине сегашниот ќор-сокак кој не е од корист за реформските напори што ги прави земјата“, се вели во соопштението.

Во однос на акцијата „Пуч“ Хан бара темелна истрага која ќе биде транспарентна и независна.

„Комесарот Хан повтори дека владеењето на правото, основните права и слободи на медиумите се во срцето на процесот на пристапување кон ЕУ и за нив не може да се преговара. Во однос на ова, тој,  изрази длабока загриженост поради прислушувањето на илјадници граѓани и побара темелна истрага. Тој повика истрагата да се спроведе со целосно почитување на принципите на – непристрасност, презумпција на невиност, транспарентност, поделба на власта и независноста на судството. Тој изрази целосна поддршка за слобода на медиумите да известуваат за сите прашања од јавен интерес“, пишува во соопштението.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×