Хан ја оцени средбата Заев-Ципрас како многу добра вест
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан, ја поздрави средбата на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас во Давос.

На „Твитер“ Хан напиша дека средбата е многу добра вест и оти на истата премиерите покажале храброст, визија и државништво.

„Решавањето на ова прашање кое трае премногу долго ќе биде добро за двете земји, за регионот и за Европа“, напиша Хан на Твитер.

Во рамки на Светскиот економски форум, предвидено е Хан да оствари средба со Заев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×