Хан: Настанот во Куманово да се решава без одвлекување внимание од политичката криза
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Разјаснување за случајот во Куманово без одвлекување на вниманието на Владата и на опозицијата од посветеноста на решавањето на политичката криза во земјата, побара еврокомесарот за преговори за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во однос на случајот во Куманово еврокомесарот побарал од сите во Македонија, но, и во соседството на земјата, да реагираат внимателно, обединето и целисходно, на транспарентен начин.

Посочувајќи дека има три јасни пораки за терористичкиот напад во Македонија, Хан истакнува оти првата е дека сме сите загрижени за тоа што се случи во тек на викендот.

„Ги повикуваме сите инволвирани страни и чинители да соработуваат во разјаснувањето на тоа што се случи, кој беше надлежен, како и тоа кој е одговорен за тоа, и да се делува обединето за ова прашање. Второ, овој напад и настан, не може и не треба да го одвлекува вниманието од многу сериозната внатрешно-политичка ситуација во Македонија, каде ургиравме Владата, но, и опозициската партија да почнат да соработуваат и да ја решаваат“, истакнал еврокомесарот.

Третата порака што ја пренел Хан е дека овој напад не треба да се користи за да се креира понатамошна комплексност со воспоставување етнички тензии во системот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×