Хан: Новата влада ќе го реши прашањето за мандатот на СЈО
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Најпрво треба да има фер и транспарентни избори, според меѓународни стандарди, и да се формира новата влада, па потоа таа да се справи со прашањето дали треба да се продолжи мандатот за поднесување обвиненија од страна на Специјалното обвинителство“, оваа порака попладнево на прес-конференција во Европската комисија ја испрати комесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, одговарајќи на прашање за ситуацијата со истрагите на СЈО.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, според Хан, има време и СЈО треба во моментов да работи, за што подоцна има потреба и од оценка, но повтори дека „сега треба да се фокусираме на изборите и формирањето на новата влада, па потоа да одиме кон следниот чекор“.

„Дел од договорот од Пржино е комплетна и сеопфатна разрешница на скандалот со прислушувањето“, посочи Хан.

Во однос на прогрес-извештајот за Македонија, еврокомесарот за преговори за проширување посочи дека тој инвестирал многу од сопственото време за решавање на долготрајната политичка криза која сѐ уште не е решена.

„Договорот од Пржино, посебно изборите во декември, се поширока можност да се надмине сето ова и тоа граѓаните на земјата го очекуваат. Кредибилни избори и независна работа на Специјалниот обвинител, како и Итните реформски приоритети се важни. Врз база на преземените позитивни чекори од страна на политичките лидери во земјата, ние сме подготвени да ја одржиме долготрајната препорака за отворање на преговорите за членство во ЕУ, со услов за кредибилни избори и целосна имплементаицја на Итните реформски приоритети“, посочи Хан.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×