Хан: Ова треба да биде инспирација за целиот регион
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Commissioner for European Neighborhood Policy & Enlargement Johannes Hahn visits Kosovo

Еврокомесарот за соседска политика Јоханес Хан по ратификацијата на Договорот од Преспа во Атина се огласи на Твитер со честитка до премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев за нивната храброст и визија.

„Решавањето на спорот за името меѓу Грција и, наскоро, Северна Македонија со Договорот од Преспа е историски напредок за двете земји, регионот и Европа во целина. Им честитам на лидерите на двете страни за нивната храброст и визија.

Овој успех не можеше да се случи без цврстата европска перспектива за земјата која наскоро ќе биде Северна Македонија.

Лично, многу сум среќен бидејќи долгото патување до Преспа почна со Пржинскиот договор во 2015 година, кој јас го посредував и кој што овозможи, наскоро, Северна Македонија да ја надмине длабоката политичка криза.

“Ова треба да биде инспирација за целиот регион“, пишува Хан на Твитер.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×