Хан: Потребно е уште време – очекувам лидерите да покажат демократска зрелост
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Еврокомесарот Јоханес Хан денеска изјави дека очекува од политичките лидери да демонстрираат демократска зрелост и да донесат одлука во интерес на земјата и на граѓаните и нивната европска перспектива.

„Очигледно ќе биде потребно уште време. Тие ќе продолжат со преговори и очекувам да донесат одлука во интерес на земјата, на граѓаните и европската перспектива. Европската унија ќе стори се за да ѝ помогне на земјата и на раководството на земјата“, рече Хан по предавањето на донација во теренски возила за граничната полиција и за Центарот за управување со кризи, запрашан за очекувањата по вчерашните средби со политичките лидери во врска со политичката ситуација и формирањето нова влада.

Запрашан дали Македонија ќе ја загуби препораката за почетокот на преговори со ЕУ доколку до крајот на февруари не биде формирана нова влада, истакна дека не е потребна брза туку квалитетна одлука.

„Станува збор за квалитет, а не за брзина. Тие треба да продолжат со преговорите, да ја демонстрираат нивната демократска зрелост, да имаат одлична програма која ќе се базира на договорот од Пржино и посветеноста на европерспективите. Ако тоа се постигне, јас сум уверен во иднината на земјата“, рече Хан.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×