Хан: Разочаран и вознемирен сум од изјавите на некои балкански лидери за промена на границите
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, денеска изјави дека е разочаран и вознемирен од запаливите изјави на некои политички лидери на Балканот,што, според него, може да се сметаат за мешање во соседните земји.

Тој по средбата што ја имаше со српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, во Брисел, ги нарече таквите изјави неприфатливи, непотребни и контрапродуктивни.

„Би сакал да ја искористам оваа можност да го изразам моето разочарување и вознемиреност од запаливите изјави на некои лидери во регионот. Таквите изјави, кои може да се сметаат и за мешање во соседните земји, што имплицира промена на границите, се неприфатливи и се повеќе од непотребни и контрапродуктивни“, порача еврокомесарот.

Ваквиот став на Хан се однесува на изјавите на албанскиот премиер Еди Рама и на претседателот на Косово, Хашим Тачи, дека без јасна иднина во Европската унија, овие две држави на Балканот би можеле да се соединат во една земја.

Појаснувајќи што мислеше со неговата изјава за коментарите на Рама и Тачи, комесарот Хан додаде дека е невозможно лидерите на Албанија и Косово да мислат дека со таквата реторика може да направат притисок врз Брисел за побрза интеграција на регионот во Европската унија.

„Ако некој верува дека такви изјави може да направат притисок врз нас, тогаш тоа е голема грешка, бидејќи ова може лесно да му се врати како бумеранг на тој што ја испраќа таквата порака. Треба да се знае дека Европејците имаат силен интерес од мир, стабилност и просперитетот во регионот. Ова може да се постигне преку добрососедски односи, ако сите работат заедно и придонесуваат на понатамошен развој во регионот. Во принцип, ова се покажа на состанокот на премиерите во Сараево и треба да им биде водич на сите секој ден. Затоа, ургирам до сите да се воздржат од ваквата реторика. Исто така, имаше повеќепати одлуки и заклучоци меѓу лидерите на земјите, за да се поддржат едни со други на нивната цел да се приклучат на Европската унија и ова треба да се почитува. Не само да се почитува, туку и да се следи од сите“, образложи Јоханес Хан.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×