Хан: Северна Македонија политички најстабилна во регионот и добра дестинација за инвестиции
Објавено на од во Економија
Политичката стабилност на Северна Македонија е најдобра во регионот, а уште еден доказ за тоа беа успешно спроведените претседателски избори, истакна еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан денеска на отворањето на Виенскиот економски форум.
johanes-han-696x463Во таа насока, Хан ги охрабри компаниите од Република Австрија да инвестираат во нашата земја бидејќи, како што рече, тоа значи поголем профит за земјата и отворање на нови работни места.
Адресирајќи го напредокот на Република Северна Македонија во сите сфери, еврокомесарот Хан го изрази своето очекување земјата да добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија и до крајот на оваа година да бидат отворени и првите поглавја.
Премиерот Зоран Заев денеска во Виена имаше свое воведно обраќање на отворањето на Виенскиот економски форум, Виенски економски разговори – нови перспективи за Република Северна Македонија. Покрај премиерот Заев, воведни обраќања имаа и д-р Томас Арнлоднер, извршен директор на А1 Телеком Австрија Групација и член на одборот на Виенскиот економски форум, како и Јоханес Хан, еврокомесарот за проширување и добрососедска политика.
Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев заблагодарувајќи им се на сите инволвирани што годинешниот Виенскиот економски форум се одржува за разгледување на инвестициските можности исклучиво во Северна Македонија,  истакна дека Австрија е силен сојузник на нашата држава во евроатлантската интеграција.
Премиерот Заев нагласи дека во изминатите 10 години Австрија беше најголем инвеститор во Северна Македонија со 392,2 милиони евра што изнесува 13,2% од вкупните странски директни инвестиции во државата.
Тој потсети на успешно спроведенитите претседателски избори, како и за Договорот од Преспа, кој е решение на огромен проблем, а кој резултираше со продлабочување на соработката помеѓу Република Северна Македонија и Грција.
Говорејќи за реформите што се во тек, премиерот Заев се осврна на судските реформи, реформите во безбедносниот систем и јавната администрација, како и борбата против корупцијата, кои остануваат врвен приоритет во работењето на Владата.
„Во периодов од 22 месеци откако актуелната Влада дојде на власт, ние ја вративме демократијата и функционалните демократски институции од она што до неодамна беше заробена држава“, посочи премиерот Заев, додавајќи  дека „тие приоритети се идентични со нашата пристапна агенда за ЕУ“.
Република Северна Македонија, како што нагласи Заев, нема друга алтернатива за интеграцијата во ЕУ и НАТО и повеќе од 75% од населението ги поддржува таквите аспирации.
„Денес сме подготвени и политички и институционално. Ние цврсто веруваме дека заслужуваме одлука заснована на заслуги и веруваме дека и ЕУ ќе испорача“, посочи Заев.
Премиерот додаде дека 2019-та година ќе биде година на економијата, како продолжение на економскиот напредок од минатата година.
-Во 2019 година, имаме натамошен раст на индустриско производство од 8,8% во производство, што главно се должи на производството на машини, возила, пијалаци и основни метали. Успеавме да ја намалиме невработеноста под 20 отсто откако сме во Владата. Економскиот раст во 2018 беше 2,7%, по раст од 0,2% во 2017 година. Извозот во првите три месеци од 2019 година се зголеми за 16,8%, истакна Заев.
Пред бројните австриски компании и бизнисмени премиерот Заев го изрази своето очекување дека ова лето Северна Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите, бидејќи како што истакна премиерот Заев земјата и покажа на цела Европа како преку дијалог и соработка се решаваат долгогодишни проблеми.
„Нашата земја има поизитивен импакт и на целиот регион. Сега Северна Македонија е единствената земја во регионот којанема отворени прашања со ниту еден сосед. А кога постои договор следат и економските резултати“, нагласи премиерот Заев.
Тој исто така додаде дека и натаму Република Северна Македонија ќе биде пример за целиот регион, дека земјата и натаму ќе биде сигурна и стабилна, земја која се грижи и на инвеститорите им нуди соодветни услови за развивање на својот бизнис.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×