Хан: Сите партии да продолжат со реформите, вклучително и за медиумите
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

По ноќешната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во која рече дека партијата добила уверувања од претставници на САД и на ЕУ оти за изборите на 5 јуни нема да има други услови, вклучувајќи го и законот за медиумите, на Twitter се огласи и еврокомесарот Јоханес Хан. Тој бара да се продолжи со реформските приоритети, а тука конкретно ги споменува медиумите.

„Договорот од Пржино сѐ уште е жив. Сите партии мораат целосно да се посветат, да помогнат да се подготват кредибилни избори + да се продолжи со реформските приоритети, вклучително и за медиумите“, објави Хан на Twitter.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×