Хан: Србија може да смета на ЕУ; Вучиќ: ЕУ уште повеќе на Србија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Србија може да смета на Европската унија, бидејќи сме во ист чамец, и треба да работиме заедно“, порача денеска еврокомесарот Јоханес Хан, во обраќањето по потпишувањето на Договорот за бесповратната помош на ЕУ за реформата на јавната администрација на Србија.

Хан рече дека поддршката на ЕУ за оваа реформа е многу важна, но оти ефектите нема веднаш да се видат.

„На среден и подолг рок тоа е незаменлив придонес на ЕУ за вклопувањето на јавната адиминстрација на Србија во европските стандарди. Граѓаните ќе добијат подобар пристап до јавната администрација, ќе добијат шалтери каде сѐ се врши на едно место, но тоа ќе придонесе и за видливоста и за транспарентноста на работата на администрацијата“, изјави еврокомесарот.

Хан потсети дека ЕУ од 2007 година вложила две милијарди евра грантови во модернизација на Србија, и оти сега може да се видат првите конкретни резултати, пред сѐ во бизнис секторот, како привлекувањето странски инвестиции и подобри можности за вработување.

Еврокомесарот додаде дека денеска ќе се сретне и со дел од академската јавност, и најави оти ЕУ ќе вложи околу 27 милиони евра во модернизација на српското високо образование.

„Таа инвестиција е и во интерес на ЕУ, зашто гледаме дека има одлив на мозоци, не само од регионот, туку  и од останатите делови на Европа. Нашата цел е циркулација на мозоците, да се унапредат лабораториите и универзитетите за младите и образовани луѓе да имаат повеќе можности, за експертите да доаѓаат во Србија и во останатите земји“.

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, ѝ заблагодари на ЕУ за 80-те милиони евра за реформа на јавната адиминстрација, со порака дека Србија смета на ЕУ, но и оти ЕУ може да смета на Србија уште повеќе.

Договорот вреден 80 милиони евра е прв за секторска реформа за Србија, а се финансира од ИПА фондовите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×