Хан во понеделник во Белград – ќе се потпишува договор за темелна трансформација на српската јавната администрација
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Еврокомесарот Јоханес Хан ќе го посети Белград во понеделник, 5 декември, кога ќе биде потпишан договорот вреден 80 милиони евра, за поддршка за темелната трансформација на српската јавна администрација, соопшти Делегацијата на Европската унија во Србија.

Хан ќе се сретне со премиерот Александар Вучиќ, со министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ, како и со студенти и со претставници на академската заедница.

Пред посетата еврокомесарот рече дека „Србија му припаѓа на семејството на ЕУ и прави извонреден напредок во правец на својата стратешка цел, членството во ЕУ“.

„ЕУ им пружа конкретна корист на граѓаните на Србија – во образованието, во бизнисот, во владеењето на правото, во јавната управа, за патиштата, за мостовите и за безбедноста на храната. Блиско соработувам со Србија; заедно сме посилни како партнери и пријатели во надминувањето на проблемите со миграцијата, со невработеноста, со безбедносните предизвици, и за зачувувањето на мирот и на стабилноста во регионот“, порача Хан пред доаѓањето во Белград.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×