Размислувај поинаку
Хаотика е најнежниот збор со кој може да се опише светот денеска. Да не можеш број да затвориш на време од настани. Бизарни, брутални, чудни, нелогични … Разбирате ли во каков свет живееме … Во овој број на Капитал (печатените медиуми навистина се соочуваат со предизвик да бидат навремени и точни, во време на дигитални медиуми, па затоа им преостанува барем да бидат длабоко аналитични) на почетокот ке прочитате една анализа со хронологија на настаните само во последните три четири дена до затворањето на бројот … А ке прочитате и исповед на Џефри Сакс пред Европскиот парламент на крајот од јануари! И едната и другата сторија ке ве шокираат …
Ако смеам светот да го опишам во моментов практично тоа ке го направам со една мисла од славниот Куката од бугарскиот серијал „Балканска мафија„ (Куката е еден од мафијашите симпатичен и срдечен лик во серијалот кој им плете „свилен гајтан„ на своите предизвикувачи, еден харизматичен бугарски глумец што сакам да го запознам) кој е прикажан како заљубен и посветен во Господ.
На еден свој киднапиран плен откако добро се разбраа му вели: „Ајде сега оди, ништо нема да ти биде, Господ нека те спаси … Ако не те спаси Господ тогаш Куката ке те спаси …„!? Хахаха …
Ке се навратам на оваа тема малку подолу … сега нешто друго …
Медиумите
На почетокот на оваа колумна сакам искрено да изразам една подршка, и аплауз, кон министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски за најавата дека во крајна фаза е новиот закон за медиуми каде ке се отвори регистар на веб портали управуван од Агенција за аудиовизуелни работи. Ке морало да има три вработени минимум, и да се знае кој е одговорен за напишаното. Одлично. Шуќур министре.
Замислете, ако добро разбрав од министерот, ние сме биле последни во регионот што ова го правиме. Али ке бидете трети пораст на БДП следната година во Европа!? Што сакате повеке …
Што се однесува до медиумите овде се е измешано, и не знаеш кој на каде прди и дува. Лесно прават портали што не ги чини ништо. Прават и по повеке портали … два, три портала со две три различни уредувачки политики (познавам една таква медиумска банда).
Оттука, ке кажам супер министре, good job што би рекол другар ви Доналд Трамп, или уште попрецизно „ке завршите добра работа, добар бизнис„ јееааххх. Во комбинација со блокираните грантови од УСАИД, ако европејците не улетаат со пари од нивни фондови, во голема мерка ке се подзамети таканаречениот медиумски простор во Македонија.
Значи како што гледам ние во Македонија и за ова сме преспале периодов. Преспале владите, партиите, медиумите … Им било некако на порталите подобро онака под рака да бидат платени. Лаптопот од кујна додека се вари гравот … пишуваш, јадеш грав, прднеш на тастатурата па одиш по маркетинг да собере реклами (а рекламите евтини, евтини) … Така тоа некако функционира кај нас. Па затоа и такви текстови. Последица: по нерелевантно новинарство од македонското не сум видел во последно време, а верувајте следам цел регион и се што е нормално од светот.
Досегашната хаотична пракса кај голем дел од веб порталите, кои во јавноста се продаваа како сериозни медиуми, покажа дека, во голема мерка, на крајот се трансформираа во „кеш машини„ на ниско ниво (мали трошоци и уште помали приходи, резултат евтино, досадно и глупаво новинарство) … ПР машини за некои компании кои ги укинуваа дури и своите ПР служби, а правеа чудни некои договори со порталите.
Во голема мерка овој хаотичен момент им одговараше на политичките партии оти со малку пари „ја купуваа душата на новинарите„ кои потоа како „пудлици„ си се вртеја де на оваа страна де на другата.
Резултат на се ова е милион веб портали, евтино платени оти има и голем број и секакви новинари, но и голем број портали кои работат од дома – од спална и од каујна.
Последица на се ова е што на македонската медиумска сцена – сакате телевизии, портали, печатени медиуми, видео поткасти – денес едноставно нема продукција. Има бројка нема содржина. Квалитетот е најниско ниво, нема креација, идеи, инвестиции … Дно. Борба за кајкови и лајна … Ништо друго.
Оттука, регулацијата на порталите е одличен почеток на решавање на овој фундаментален проблем. Отворање простор најдобрите да опстанат, да се отвори доволно простор да може да се инвестира во нови производи. Ке се отвори простор и за интеграции на повеке портали во еден. И ке се отвори простор оние – човек портали, и рекет портали на крајот на денот да исчезнат.
Огласувачите (компаниите и институциите) треба да добијат пристоен, чист, полн со енергија и посветеност медиумски простор. Но, тоа без пари не бива.
Не може во една економија каде сите цени растат, и каде сеуште не постои идеја за економска политика со која тоа ке се смени, и инфлацијата да падне, да се случуваат контрапроцеси во медиумскиот простор. Ви улетуваат евтини „јелени крлеуши„ на фејзбук, икс и не знам каде се не … Имате секојдневно нови и нови веб портали само затоа што некој пратеник, министер или друг моќник договорил со некој од огласувачите „мало внимание„ за сработеното, а веб порталот станал само инструмент, и алатка за наплата. Ако ме разбирате што сакам да кажам.
Знаете ли колку такви човек портали и лопови постојат што го девастираат медиумскиот простор?
Затоа подршка министре! Закон плс …
Во меѓувреме
Инаку драги мои Стармер рече дека по разговорите со Володимир Зеленски и Емануел Макрон е постигнат договор Велика Британија, заедно со Франција и „можеби уште една или две други земји”, да работат со Киев за да се запре војната. Овој мировен план ќе биде презентиран на САД. Се прашувам во неделата цел ден – „ова една или две други земји„ евентуално на Македонија да не мислел пошто нАли фактор сме…хаха …
Не знам ова фактор можеби е и некоја наша македонска заблуда, но периодов нашата дипломатија со се премиерот на чело толку влезени во филмот што ке помислам дека Стармер има навистина таква сериозна намера. Нашиве, не е исклучено сеуште да не се излезени од филмот … едноставно убаво им е … комотно некако. Ние кај и да е веројатно, ако не станеме членка на Советот за Безбедност ООН, тогаш сигурно ке имаме огромно влијание на нивните одлуки. Какви соништа се ова …!? Ке ви објаснам со една анегдота која е вистинита …
Дејствието се одвива на Азурниот брег (Ница) во раните деведесетти години, каде мој пријател престојува со својата девојка. Една вечер на зајдисонце таа патетично му вели … Ах срце мое како бе не се родиме тука, туку се родиме у тај змијарник Штип. Гледај море, песок, палми зајдисонце … Што згрешивме срце мое!?
Тој: Срце мое ти да се родеше овде морето у Штип ке беше …
Ете така некако оди ова нашево и со САД и со остатокот во светот. Вашингтон, Истанбул па Будимпешта …!? Па не знам што им стана на Вучиќ, Борисов, Орбан … никад не мрднаа. Никој не ги кани. Само нашите ги канат … Види богати …
Колку спијат бре овие соседите другари на Трамп … Додуша Вучиќ не спие … Таму мечка у двор заигра, а светот гледа која следна песна Претседателот ке ја засвири да ја смири мечката. И Трамп со се Гренел гледаат ич да не се секираме. Тоа е следната журка …
Него нашиот ал да го видиме.
Секако, амбициите за високи дострели во дипломатијата се корисни дури и симпатични. Сепак во вакви клучни моменти за човештвото, во време кога на шаховската табла и воопшто на масата големите „си ги вадат и мерат„ ние некако како да не знаеме каде тераме, некако брзо улетуваме и „можеме да го изедеме„ … Да одиш во Вашингтон па во Истанбул (!?) … Па Будимпешта заедничка влада (а оној од таму паѓа ли паѓа), и во време кога во Лондон се случува клучно обединување на Европа за кое сме чекале со децении, и пак да немаш став … м?
Сега во моментов сме во процес на спуштена завеса пред очи, затупување извесно, дека Македонија ке си го гледа интересот дома, Европа ке ја правиме дома и демек тоа што прават европските лидери (а сега и создаваат нова суштина на Унијата и тоа е клучниот геополитички процес) нас не не интересира. Економија ке сме си гледале … Инвестиции, инвестиции, кредити, кредити!
Каде се парите?
Кредитите дојдоа колку што слушнавме, но каде се парите? Има ли некој информација што се случува по банките? Се пуштаат ли унгарските кредити? Некоја компанија да се пофали дека земала добра сума … Што ќе инвестира! Па дајте бре луѓе малку адреналин, позитивна приказна, ќеиф, драма, околу ова …што сте се укочиле? Дајте фалба …
Исто така на прашање имате одговор: „Логично е да се очекува дека 2024 година ќе заврши со повисока стапка на раст од проектираната, нешто над 3% (иако и таа е мала), јавниот долг да биде понизок, реализацијата на капиталните инвестиции во следната година да биде висока, а да се реализираат и планираните приходи во буџетот, вели министерката за финансии на тема „Буџет 2025“ заедно со премиерот и бизнис заедницата.
Логичное да, секако. И логично е кога растот оди исклучиво преку Буџетот, и тоа во делот на капиталните инвестиции. И тука нема дилеми дека некаков раст ке има. Кога е ВМРО ДПМНЕ на власт секогаш во тој дел има раст … И супер е тоа.
Но, што има врска овој раст со животот на луѓето – кои се и работници, но и претприемачи, основачи на бизниси … Што се прави за подобрување на амбиентот за работа и инвестирање од каде во суштина на среден и долг рок треба да дојде вистинскиот и квалитетен раст.
А не луѓето да размислуваат секое утро која држава да ја фатат и да не се вратат. На пример зошто од унгарскиот кредит половината средства отидоа во сокаците по општините, половината кај високиот голем бизнис (!?) и тоа е нејасно дали воопшто се случи оти некои инвеститори домашни се жалат дека не стигнуваат до кредитите (како да ги имат снемано), но и делумно прифатливо … но за малите претприемачи инвеститори условите останаа недостижни.
Ајде да не кобам … за утеха го имате министерот за земјоделство кој ветува грантови и кофинансирање на младите земјоделци! Супер добра идеја … Но каде се младите земјоделци …!!?? И во чии раце ке одат тие грантови ако се согласуваме дека младите земјоделци ги имат снемано? Има ли тука некоја анализица направено, или ке следи период на скандали и за кредитите од Унгарија и за грантовите и за ипардите. Кога веке од УСАИД парите се блокирани.
Министре … да ви кажам нешто …
Малите земјоделци од Македонија се отидени во Италија одамна … Прошетајте низ Источна и Западна Македонија … Отидете во Пробиштип, Кочани, Виница, Делчево, Берово, Пехчево …. Видете на што, и кого воопшто ке налетата … Куче нема да те лае …
Или поминете накај областа Канели во Италија. Еве ако сакате по цела Италија … Да не ви давам аргументи… едноставно направете официјална посета на Италија, кај вашиот колега министер за земјоделство, и тој ке ве однесе на лице место. Таму сум бил три пати. Капитал има и репортажа направено за тоа … Нашите одамна ги напуштија нивите домови и денес работат на италијанските лозја …. И тоа многу успешно и профитабилно.
Исто така министре многу од младите земјоделци се секаде по светот … работат во разни индустрии и заработуваат поголема плата од Вашата министерска. Од нив министре и програмери има по светот. И малите земјоделци за кои вие нешто сега смислувате не се тоа што беа. Ако ме разбирате што сакам да кажам ….
Но, не им го берете на малите земјоделци ….
Министре драг мој … проверете што се случува, и гледајте да им го решите проблемот на ГОЛЕМИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ. Сериозно … Големите комбинати кои имаат капацитет на производство, преработувачките капацитети … Фабриките … Има уште по некој жив од нив.
Земјоделството во Македонија може да биде мотор. Храната ке биде се поскапа и поскапа. Но, за тоа треба знаење … драг мој министре … Мнооогу знаење.



















