Харадинаj го разреши министерот за земјоделство од партијата на Србите во Косово
Објавено на од во Uncategorized

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај го разреши министерот за земјоделство, Ненад Рикало од партијата на Србите во Косово, Српската листа (СЛ), со што го исполни условот на Социјалдемократската партија (ПСД) да го гласа Буџетот на државата.

haradinaj-633x300-qeveria-

Веста ја соопштил Харадинај на својот официјален Фејсбук профил:

„На господинот Рикало му изразувам благодарност за соработката во времето додека беше активен како министер во Владата на Косово. Во политичките процеси кои се пред мене, ќе ја почитувам заложбата од секоја личност, министерот Рикало беше почитуван министер во Владата на Република Косово. Соработката со претсавниците на сите заедници и со претставниците на српската заедница ќе продолжи и покрај се“, напишал Харадинај.

Оваа вест доаѓа по условот на ПСД министерот да се разреши за да се изгласа Буџетот на државата, кого оваа партија го обвинува за неколку афери како доделувањето тендери на фирма зад која стои неговата сопруга, како и на фирми на негови сопартијци.

фото: pista.news

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×