Харадинај: Косово бележи најголем економски раст во регионот
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај тврди дека економскиот раст на Косово е највисок во регионот и најави нови мерки на Владата за задржување на тој тренд.
харадинајХарадинај на Фејсбук објави дека на утринската средба со министерот за финансии Бедри Хамза и соработниците биле анализирани последните податоци за состојбата со даночната политика во земјата.
„Ова е година на економијата и во тој дух работиме за да добиеме прецизна слика за тоа каде се наоѓа Косово на полето на фискалната политика, што сме презеле како Влада за да ја исполниме законската инфраструктура, фискалните олеснувања што сме ги презеле, ослободувајќи од данок многу производни линии, како и што можеме да направиме повеќе за поттикнување на економскиот раст, генерирање на нови работни места и подобрување на нашата благосостојба“, напиша Харадинај.
Според него, во земјата секојдневно се забележува пораст на производството и извозот.
„Косово бележи најголем економски раст во регионот. При посетите на терен секојдневно забележуваме пораст на производството и на извозот и примарен интерес на земјата е да ги евидентираме и да ги искористиме сите наши ресурси за да ги унапредиме овие параметри“, вели Харадинај.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×