Харадинај поднесе неотповиклива оставка
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска поднесе оставка на функцијата, за време на оддржување на седница на косовската Влада, јави Бота сот.
Ramush-Haradinaj„Оставката е неотповиклива“, рече Харадинај.
Тој образложи дека оваа одлука е донесена откако добил покана од Специјалниот суд за воени злосторства во Хаг во својство на осомничен, и рече дека „со овој чин на оставка сакам да ја одвојам функцијата премиер од Рамуш Харадинај“.
„Во Хаг не оди премиерот туку Рамуш Харадинај“, рече тој и додаде дека косовскиот претседател Хашим Тачи треба да почне консултација со партиите заради датум за нови избори.
„На следните избори ќе се кандидирам и јас и мојата партија, но сега не можам да ја водам земјата во ваква ситуација зашто тоа само ќе ја отежне положбата на Косово“.
На чело на косовската влада Харадинај, инаку бивш лидер на Ослободителната војска на Косово (ОВК), беше од септември 2017.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×