Харадинај се врати во Приштина, продолжува да раководи со Владата
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај соопшти дека доцна синоќа од Хаг се вратил во Приштина и за денеска во 14 часот закажа редовна седница на Владата.

ramush-haradinaj-960x511Харадинај на Фејсбук напиша дека неговата невиност не може да се доведува во прашање и оти никаква злоупотреба не може да го наруши сувереното право на Косово.

„Границите на Косово не смеат да бидат ничија работа. На Косово не може да му се наметне „Додик Република“. Безусловен дијалог, веднаш“, објави Харадинај.

Тој вели дека до него стигнале гласини оти извршувањето владини должности по оставка не е уставно, но наведува дека не може да се осуди да остави вакуум, затоа што Косово не може да сноси последици од вакуум во власта.

Тој ги повика партиите кои мислат поинаку да се обратат до Уставниот суд и истакна дека ќе ја почитува одлуката на тој суд.

Во меѓувреме, весникот „Зери“ пишува дека министрите од Демократската партија на Косово (ДПК) одбиле да присуствуваат на владината седница.

Некои од министрите, кои се дел од ДПК, коалициски партнер на партијата на Харадинај, своето отсуство го оправдале со тоа дека се надвор од земјата.

Пратениците пак, потсетија дека по оставката на Харадинај од функцијата премиер, сегашната Влада повеќе нема право да донесува одлуки.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×