Хари Костов, Комерцијална банка: Големата неликвидност кај фирмите главен предизвик за банките
Објавено на од во Прогнози 2015

Годинава ќе биде слична на минатата а главен предизвик за банките ќе биде големата неликвидност и  финансиската недисциплина кај фирмите, вели во своите прогнози за 2015 година претседателот на Управниот одбор на Комерцијална банка, Хари Костов.

 Каква очекувате дека ќе биде 2015 година на економски план?

-          Очекувам 2015 година да биде слична на годинава, со приближно еднакви стапки на раст, под претпоставка да не дојде до поголеми надворешно политички и економски промени, кои би се одразиле на македонската економија.

Какви се плановите на Комерцијална банка за 2015 година? Може ли фирмите да очекуваат поголема кредитна поддршка?

-          Комерцијална банка ќе продолжи да развива нови производи и услуги со кои ќе настојува подобро да ги задоволи потребите на клиентите. Кредитната поддршка ќе биде на ниво на раст на БДП, што би била логична стапка на раст која не би го загрозувала квалитетот на портфолиото. Финансиските резултати се очекува да бидат во насока на понатамошно стабилизирање на портфолиото, исполнување на законски пропишаните издвојувања на резервации за преземен имот, а големо влијание ќе има и уредноста на компаниите во измирување на своите обврски. Конкретни квантификации на резултатите ќе с е објават по одобрувањ е на планот (буџетот) за 2015 година, од надлежните органи.

Кои се најголемите предизвици со кои ќе се соочат банките во 2015 година?

-          И понатаму останува проблемот на квалитетот на предложените проекти за кредитирање, влијанието на промените на законската регулатива врз деловните потфати и инвестиции на клиентите и високото ниво на неликвидност и финансиска недисциплина кај субјектите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×