Харви се вброи меѓу најскапите невремиња во историјата на САД
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Вкупните економски трошоци и штетата што ја предизвика тропската бура Харви се проценуваат на 42 милијарди долари, поради што истата може да се вброи меѓу петте најскапи невремиња што кога и да е ги погодиле САД.

Проценетата штета порасна од 30 милијарди долари на 42 милијарди долари, бидејќи поплавите почнаа да се шират и во Луизијана, според зборовите на Чак Вотсон од компанијата Енки Рисрч.

Властите се фокусираат на спасување на преживеаните, додека економските последици од невремето постепено излегуваат на видело. har 1

„Да беше Харви нормален ураган, веројатно би предизвикал штета од четири милијарди долари. Ќе беше трагично за луѓето погодени од невремето, но кога станува збор за макроекономските ефекти, воопшто немаше да зборуваме за нив“, изјави Вотсон за АФП.

Со неповратни економски загуби од 42 милијарди долари, Харви зад себе ќе остави штета како ураганот Ајк, што во 2008 година го погоди Тексас и делови од Карибите, нанесувајќи штета од 43 милијарди долари, и ураганот Вилма, што протатни нив Северна Америка во 2005 година, нанесувајќи штета од 38 милијарди долари.

Тексас е енергетски центар на САД, кој со годишен БДП од 1.600 милијарди долари, прави 9% од целокупниот БДП на САД,  односно е втора најмоќна американска сојузна држава.

Истовремено, дождот што се истури на Тексас во тек на Харви го надмина рекордот во количина на врнежи во оваа јужна американска држава, и веројатно и во САД, проценуваат метереолозите. har2

Вкупно наврнале 125,27 сантиметри на квадратен метар, до вторникот во 9 часот по локално време.

Претходниот рекорд беше 121,9 сантиметри, што е забележан во тек на тропската бура Амелија од 1978 година, во Медина, во Тексас.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×