ХДЗ и МОСТ се договориле за формирање на новата хрватска Влада
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Националниот совет на хрватската партија МОСТ ја прифати понудата на ХДЗ во рамки на преговорите околу составувањето на новата влада, па така, преговорите за целта се завршени и се очекува МОСТ наскоро да ги предаде своите потписи на лидерот на ХДЗ, Андреј Пленковиќ.

Заедничката изјава за медиумите е предвидена за денеска, а за точниот термин и местото на настанот јавноста навремено ќе биде известена, соопштија од МОСТ.

Партијата на Божо Петров прифатила да добие четири министерства во новата влада, место на потпретседател (на владата) и на ротирачката позиција на претседателот на Парламентот.

Пленковиќ повтори дека ХДЗ има доволно потписи за составување влада, и рече оти денеска очекува да ги добие сите потписи на претставниците на малцинствата.

„Го ставивме на маса она што сметаме дека е реално и правично – очекуваме повратна информација. Кога ќе ни се јават, тогаш ќе се договараме. Нема драма, сѐ е во ред“, изјави Пленковиќ.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×