ХДЗ со мнозинство во 12, а СДП во 5 хрватски градови
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

На локалните избори во Хрватска што се одржаа вчера, Хрватската демократска заедница (ХДЗ) освои мнозинство од гласовите во 12 поголеми градови; Социјалдемократската партија (СДП) во 5, Истарскиот демократски сабор (ИДС) и Партијата на трудот и солидарноста во по еден градски совет, како и две независни листи, покажуваат неофицијалните резултати.

ХДЗ има мнозинство во Крапина, Вировитица, Вуковар, Пожега, Бјеловар, Карловац, Госпиќ, Задар, Шибеник, Сплит и Дубровник и Велика Горица.

СДП најмногу гласови освоил за во градските совети на Риека, Осиек, Чаковец, Копривница и Сисак. ИДС има мнозинство во Пула, а Партијата на трудот и солидарноста на градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, во Загреб.

Независната листа на Мирко Дуспара, досегашниот градоначалник, освои најмногу гласови за во советот на Славонски Брод, а листата на Иван Чехок, некогашниот градоначалник, во Вараждин.

Меѓу поголемите градови, во првиот круг на локалните избори во Хрватска се избрани четири градоначалници од редовите на ХДЗ, и тоа во Вуковар, Вировитица, Крапина и Задар.

Од коалиција во која учествува СДП во првиот круг градоначаник е избран во Чаковец, а од коалиција со ИДС во Пула.

Во Загреб во вториот круг ќе се соочат актуелниот градоначалник Милан Бандиќ со освоени 30% (во првиот круг) и кандидатката на коалиција со СДП, Анка Мрак Тариташ, со 24%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×