„Хеленик Петролеум“ бара над 30 милиони долари од Македонија преку арбитража
Објавено на од во Економија
Грчката компанија Хеленик петролеум пред Арбитражниот суд во Париз бара од Македонија над 31 милион долари плус камати поради непочитување на купопродажниот договор за рафинеријата ОКТА.
grcki-petroleumСпоред договорот од 1999, македонската влада се обврзала да купува по 500 000 тони мазут, обврска која не е исполнувана, па сега грчки „Хеленик Петролеум“, бара да  се платат парите преку парискиот Арбитражен суд.
Пресудата која се очекува брзо да биде донесена, ќе ја обелодени и конечната сума која Македонија треба да грчката компанија.
Според некои информаци, на бараните 30 милиони, можное  да се додадат и уште десетина поради каматите.
Од Владата на прашањата од медиумите одговараат кратко: „ Не коментираме арбитражни постапки поради сензитивноста на процесот. За сите детали јавноста ќе биде навремено информирана“.
Ова е втора ваква тужба пред судот во Париз. Првата Македонија ја загуби и им плати на Грците 40 милиони долари, иако пресудата беше за отштета од 86 милиони. Договорот за продажба на скопската рафинерија на грчки Хеленик имаше важност до мај 2019 година, до кога освен одредбата за купување на мазутот, важеше и методологијата за одредување на цената нафтените деривати која содржеше голем број поволности за грчката страна.
ОКТА не работи од 2011 година, од кога примарна дејност ù е само трговија со нафтени деривати и во моментов држи од 70 до 80% од пазарот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×