Хеленик Петролеум бара отштета од Македонија од 32 милиони долари зошто не сме откупувале мазут од Окта
Објавено на од во Економија

Окта 1Грчката компанија Хеленик Петролеум, која преку Елпет Балканики е сопственик на рафинеријата Окта, во арбитражна постапка покрената против Македонија уште во 2011 година бара отштета од државата од 32 милиони долари поради непочитување на договорот за купување на мазут.

Оваа информација ја потврдуваат и од Владата, од каде што информираат дека почнуваат процес на преговори со цел да се изнајде решение со кое би се намалила потенцијалната штета за Буџетот на Македонија, доколку државата го загуби арбитражниот спор.

Отшетното побарување од Хеленик Петролеум е заради неисполнети обврски за набавка на 500 илјади тони мазут годишно во периодот од 2007 до крајот на 2011 година, до кога работеше рафинеријата. Имено, државата според договорот кој го склучи Владата преводена од Љубчо Георгиевски имала обврска да набавува по 500 илјади тони мазут на годишно ниво од Окта. Оваа штетна обврска е преземена за период од 20 години и истекува во мај 2019 година.
“За овие четири години и неисполнување на нашиот дел од таа обврска се бараат 32 милиони долари.  Арбитражната постапка е покрената за овој спор за 2011 година затоа што тоа е последната година кога рафинеријата работи како рафинерија. По таа година, Окта не работи веќе како рафинерија, па затоа ова ќе биде последна ваква постапка”, информира денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Македонија веќе еднаш има изгубено арбитражен спор со Хеленик Петролеум кој се однесувал на периодот од 1999 до 2007 година, кога не била испочитувана обврската за набавка на 500 тони мазут годишно. Во 2007 година по пресуда на штета на Македонија, требало да платиме 86 милиони долари, но по порамнување тогаш државата исплатила 40 милиони долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×