„Херитиџ“: Северна Македонија е најслободна економија во регионот
Објавено на од во Економија
Северна Македонија е рангирана на 33-то место во светот според индексот на економски слободи за 2019, што го изработи фондацијата „Херитиџ“.
херСо резултат 71,1 Северна Македонија е најдобро позиционирана во регионот. Зад неа е Бугарија на 37. место, Косово е 51., Албанија на 52., Србија 69., БиХ 83., Хрватска 86., Црна Гора 92., а Грција на 106. место.
Индексот на економски слободи се изработува врз основа на четири критериуми – владеење на правото, јавното трошење, регулаторна ефикасност и отвореност на пазарот.
Според „Херитиџ“, земјата и натаму е макроекономски стабилна, но нејзините економски перформанси се загрозени од внатрешната политичка криза. Се забележуваат слабост на фискалната политика, непродуктивни трошења и натамошно постоење на сива економија која се проценува дека зафаќа 20 – 45 проценти од БДП.
Потребни се структурни реформи и справување со корупцијата и гломазната администрација. Правна рамка постои, но проблем е спроведувањето, што ја поткопува довербата на јавноста дека поостои подготвеност да се гонат корумпираните официјални преставници. Владата донесе некои антикорупциски мерки, но и натаму е присутно политичкото мешање, непотизмот, и одолговлекувањето на судските процеси.
Според извештајот на „Херитиџ“, најголеми економски слободи во светот има во Хонгконг, Сингапур и Нов Зеланд, а најмали во Куба, Венецуела и Северна Кореја.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×