Hertz Македонија ја освои наградата „International Customer Experience Award 2018“
Објавено на од во Компании
Hertz Македонија е лидер на македонскиот пазар за изнајмување возила, како за краткотрајни изнајмувања, така и за изнајмувања на подолг период.
Hertz
HertzМакедонија ја освои престижната награда за извонредна услуга на клиентите од Rentalcars.com, светскиот лидер за онлајн-изнајмување автомобили. Rentalcars.com веќе четврта година анализира анкети и коментари за да ги препознае компаниите кои константно нудат врвна услуга и искуство во областа на изнајмување возила.
„Секој член од тимот на Hertz, секој работен ден го напушта својот дом со една цел –  клиентите да бидат задоволни и безгрижни на своите патувања. Изнајмувањето автомобили им овозможува на нашите клиенти слобода да откриваат и да истражуваат повеќе на своите патувања, како и да создадат спомени што ќе траат целиот живот. Им благодариме на сите наши клиенти за оваа чест. Чувството е прекрасно кога знаеш дека си најдобар во тоа што го работиш. Оваа награда е потврда на древната мудрост: ,Да служиш е да владееш’. Ориентирани кон обезбедување врвна услуга за нашите клиенти, продолжуваме напред.“,  изјави Драган Јаневски , извршен директор на Hertz Македонија.
„Од 2015 година заедно со ,CustomerFavouriteAwards’ успешно ја препознаваме одличната услуга на компаниите, а оваа година видовме како компаниите со кои работиме ги поместија границите во поглед на услугата во оваа област. Победниците постојано ги надминуваат очекувањата на клиентите и треба да се гордеат што се меѓу најдобрите во светот. Изнајмувањето автомобил е едноставно искуство кое само ќе го подобри вашето патување и затоа ние сме благодарни на сите наши партнери кои добија награди за дополнителниот труд што го презедоа за подобрување на услугата и искуството.“ , изјави Џејмс Адамс, главен комерцијален директор на Rentalcars.com. 
Hertz Македонија е лидер на македонскиот пазар за изнајмување возила, како за краткотрајни изнајмувања, така и за изнајмувања на подолг период. Тоа е резултат на интензивната инвестициска програма, висок квалитет на услуги поддржан од добро обучени вработени, одлично одржувани возила како и силното присуство на Hertz на светско ниво. Hertz Македонијарасполага со повеќеод 100 новивозилаод 10 различникатегории.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×