Хилари со најскапа кампања: Само за три месеци потрошила 18 милиони долари
Објавено на од во Политика

Хилари Клинтон, жената која важи за фаворит на претстојните претседателски избори во САД во 2016 година, потрошила повеќе од 18 милиони долари и ангажирала стотина луѓе во првите три месеци од претседателската кампања, со што нејзината организација далеку ги надминува ривалите и меѓу демократите и меѓу републиканците, пишуваат американските медиуми.

Откако ја објави кандидатурата во април, поранешната државна секретарка вработила луѓе во сите 50 американски држави, од кои мнозинството работат во склоп на седиштето за кампањата која ја води таа, а која се наоѓа на површина од 7.432  квадратни метри во Бруклин.

Освен што дел од средствата ги троши за плата за 343 вработени, во нејзината кампања вложила и многу во изградба на дигитална платформа.

Стратегијата која Хилари Клинтон ја води насочена е на добивање на претседателските избори следната година. Што се однесува до другите кандидати за претседател од нејзината партија- таа е фаворит- па неизвесност околу нејзината кандидатура нема, заклучуваат тамошните медиуми

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×