Хјундаи со поддршка за развој на автомобилска индустрија во Хрватска
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Светот познатиот јужнокорејски производител на автомобили, Хјундаи, објави дека го поддржува потенцијалот за развој на новата автомобилска индустрија во Хрватска.
hyundai-rimac-partnership-01-e2eМате Римац го сподели ова на својот профил на Фејсбук со коментар: “Хјундаи официјално ја поддржува иницијативата да ја доведеме автомобилската индустрија во Хрватска. Се надевам дека оваа можност ќе се искористи”.
Имено, извршниот потпретседател на Хјундаи Томас Шемер во петокот пристигна во Света Недела за средба со Римац и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. Тие разговараа за потенцијалот и привлекувањето автомобилска индустрија во Хрватска, а Римац претстави студија со конкретни упатства за привлекување.
“Ние сме охрабрени од поддршката на хрватската влада за нашето партнерство со Римац”, рече Шемер.
“Ние ќе продолжиме да го зајакнуваме нашето стратешко партнерство во развојот на прототипови со високи перформанси на електрични возила и возила со горивни ќелии”, додаде тој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×