Ходорковски ќе бара азил во Британија: „Историјата на умирања на противниците на Путин е импресивна“
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Откако вчера Русија распиша меѓународна потерница за Михаил Ходорковски, поранешниот тајкун кој сега е најжесток критичар на начинот на владеење на Владимир Путин, размислува да понесе барање за азил во Велика Британија. Во интервју за BBC тој зборува за обвиненијата против него поради убиство на градоначалник на сибирски град извршено во деведесеттите години од минатиот век.

„Дефинитивно ја разгледувам можноста да поднесам барање за азил во Велика Британија. Путин очигледно сега ме гледа како да сум голема закана“, вели Ходорковски, кој некогаш беше најбогат човек во Русија, пред да биде затворен на десет години по пресуда за затајување даноци и измами, и во 2013 година да биде помилуван од рускиот претседател.

„Претседателот Путин ме смета за закана, пред сѐ економски, поради можното одземање руски имоти во странство, но и политички, бидејќи сум некој што потенцијално би можел да им помогне на демократските кандидати на изборите во 2016 година“, вели Ходорковски.

Прашан дали се чувствува загрозен имајќи ги предвид низата убиства на противници на Путин, тој вели дека „историјата на умирањата на противниците на режимот е импресивна“.

Ходорковски кога во 2013 година ја напушти Русија рече дека нема да се меша во политика. Меѓутоа, за BBC го потврдува она што веќе е очигледно – дека ќе им помага на „младите активисти во Русија да стекнат политичко искуство и да бидат алтернатива на постојниот режим“.

„Прилично сум сигурен дека во рамките на десет години режимот ќе биде сменет и се надевам дека во тоа ќе имам значајна улога“, вели Ходорковски.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×