Хојт Ји: Договорот меѓу Македонија и Бугарија е важен за целиот регион
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Го поздравувам Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Македонија. Тој е важен за народите на Република Бугарија и на Република Македонија, но и за целиот регион“, изјави заменик помошникот на државниот секретар на САД за Европа и Азија, Хојт Брајан Ји, на средба со бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.

Според соопштението на бугарското МНР, двајцата разговарале во Словенија во рамки на стратешкиот Форум во Блед.

„Едно од најголемите придобивки на тој договор е дека е изработен без странска помош, со што покажавме дека прашањата ги решаваме без посредници“, истакнала Захариева.

Ји изразил надеж дека „договорот ќе овозможи одлична атмосфера, во која Република Македонија ќе ги подобри односите и со другите соседи“.

Захариева и Ји разговарале и за актуелната политичка ситуација во регионот и иницијативите на Бугарија во надворешната политика.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×