Хојт Ји ги осуди повиците за Голема Албанија: Неконструктивен предизборен фолклор
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Американскиот заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Хојт Ји, ги отфрли изјавите и повиците на одредени балкански политичари за создавање Голема Албанија, велејќи дека дел од нив се дадени во контекст на предизборни кампањи и не се одраз на желбите на албанските политичари во регионот.

„Официјалниот став, и јас верувам, искрениот став на политичките партии од Македонија, Црна Гора, Косово и Албанија, е да се интегрираат во Европската Унија и што поскоро во НАТО, и тоа во рамките на државите каде што сега живеат, а не со промена на границите или преку некој голем национален ентитет. Знам дека има одредена реторика, која јас сметам дека е неодговорна и провокативна, од одредени политичари во регионот. Тоа не беше конструктивно и создаде сомничавост. Сметам дека овие слогани и пароли не треба да се гледаат надвор од контекстот на предизборните кампањи во кои беа дадени. Не сакам со ова да ги оправдам овие повици или да нудам објаснување за нив. Ние и јавно и приватно ја осудивме ваквата реторика. Важно е и да не се реагира прекумерно и да не ги земаме буквално изјавите дадени од политичари кои се во кампања“, изјави Ји, додавајќи дека секој обид за промена на границите би бил сериозен удар за обидот на таа држава да влезе во ЕУ.

Во врска со Македонија, Ји изјави дека се координирал со европската дипломатска служба на Федерика Могерини и со Европската комисија, како што правел и во врска со паралелната политичка криза во Албанија.

„Би сакал мојата држава да имаше успеси или влијание колку што медиумите ни придаваат. Јас тесно соработував со Европската Комисија и со Европската надворешна акциска Служба. Малку се темите на Балканот во кои САД не ги координира своите активности со нашите пријатели во Брисел, токму затоа што делиме заедничка цел – сакаме да го видиме регионот интегриран во Европа и во европските институции. Успехот дојде затоа што лидерите на државите беа способни да донесат тешки одлуки, дали беше тоа одлуката на претседателот Иванов во Македонија да го даде мандатот на коалиција во Собранието која има мнозинство за да може да формира Влада, или на опозицијата во Албанија која презема храбар чекор и реши да учествува на изборите, како и на премиерот Рама кој покажа флексибилност потребна да се убеди опозицијата. Ова е пред се во полза на Албанија, ситуацијата во Албанија, и на Македонија, на народот на Македонија. Заслугата е на лидерите на овие држави, а ние сме среќни што помогнавме“, изјави Ји.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×