Хојт Ји: Не затвораме очи пред корупцијата на политичарите на Балканот
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

hby“Приоритет број еден на регионот мора да биде економскиот напредок. Поголем број од земјите има раст од 3% или 4 % годишно, но со тој развој или развојот од 6 отсто нема да се достигне просекот на ЕУ во следните 3 децении. Не затвораме очи пред корупцијата на политичарите на Балканот, а за изборот на лидерите се одговорни граѓаните”, вели заменик помошникот на државниот секретар на САД Хојт Брајан Ји во интервју за најновото издание на српскиот неделник НИН.

На прашањето како течат разговорите со лидерите во регионот и што тие бараат за возврат, Ји вели:
“Ние сме тука да пружиме поддршка, охрабрување, да дадеме совет ако е потребно, но и повремено да ги повикуваме на одговорност нашите партнери…Очигледно не се согласуваме со ниту една земја во целост. Но, она што го покажавме на Балканот е желбата на сите земји прво да станат стабилни, второ, да се развиваат и трето, да бидат безбедни. Овие цели се меѓусебно поврзани и ако се согласиме кои се неопходните чекори, брзо ќе дојде до напредок, вели Ји, посочувајќи ја тука како пример Црна Гора.
Со мали прекини неговата дипломатска кариера е поврзана со Балканот веќе две ипол децении. Во 1993 годиан тој ја следеше подготовката на Дејтонскиот договор, во 1999 беше во канцеларијата на Хавиер Солана, од Подгорица го следеше раздвојувањето на Србија и Црна Гора, од Солун ја следеше грчката финансиска криза, а од Загреб беше сведок на подготовките на Хрватска за влез во ЕУ.
Денес Ји е првиот оперативец на американската администрацијка за Балканот. Во март во приштина разговараше со Хашим Тачи, по што предлогот за формирање косовска војска е тргнат од дневниот ред. Во мај беше во Македонија, по што следеше повлекувањето на премиерот Никола Груевски, а Иванов му го додели мандатот на Зоран Заев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×