Хојт Ји повтори: Владата да се справи со прислушуваните материјали европски, опозицијата да помогне со враќање во Собранието
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Владата да се справи со прислушуваните материјали на начин што покажува посветеност на евро-атланските принципи, а опозицијата да се врати во Собранието и да помогне да се реши кризата. Ова е пораката до актерите на политичката криза во Македонија, што американскиот заменик-помошник државен секретар, Хојт Ји,ја повтори – првпат имавме можност да ја слушнеме при неговата неодамнешна посета на Скопје, на седница на Комисијата за надворешни работи на американскиот Претставнички дом.

„Ги поддржуваме аспирациите на Македонија за членство во НАТО и во Европската Унија. Во последно време ние и нашите европски партнери со загриженост ја следиме политичката криза во Македонија поврзана со објавувањето на прислушувани материјали од страна на лидерот на опозициската партија. Ја повикуваме Владата да се справи со прислушуваните материјали на начин кој ја покажува посветеноста на евро-атланските принципи. Ја охрабруваме опозицијата, која во моментов го бојкотира Собранието, да се врати во тоа тело и да помогне да се разреши кризата. Загрижени сме и за растечките разлики меѓу етничкото македонско малцинство и етничката албанска заедница. Интеграцијата на Македонија во НАТО и во Европската Унија останува важна за да се постигне траен мир и стабилност во регионот. Со новата Владата во Атина, ги потикнуваме двете страни да постигнат заемно прифатливо решение на таканаречениот спор за името кој го блокираше напредокот на земјата во евроатланските интеграции“, изјави Ји.

Пред неколку дена своето видување за евро-атланските приципи за кои зборува тој, го даде германската амбасадорка во Скопје, Кристине Алтхаузер, која изјави:

„Според западноевропските стандарди, неизбежни се политички последици околу обемот и природата на наводите (изнесени во објавените материјали од опозицијата, н.з.), а политички последици значи оставки, како предуслов да се има транспарентна и непристрасна истрага“.

Претходно и американскиот амбасадор, Џес Бејли, порача дека во неговата земја секогаш кога имало криза на кредибилитетот на истражниот процес, таа се решавала со „смени, прераспределување на инволвираните лица каде што има конфликт на интереси, супсендирања, па дури и оставки“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×