Хојт Ји: САД ќе продолжат сестрано да го поддржуваат Косово
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Заменик помошникот на американскиот државен секретар за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји, денеска во Приштина изјави дека САД ќе продолжат сестрано да го поддржуваат Косово.

Како што е соопштено од кабинетот на претседателот на Косово, Ји на состанокот со Хашим Тачи рекол дека европската перспектива на Косово и на целиот регион се приоритет за САД.

Амбасадорот на САД во Србија, Кајл Скот, претходно денеска, а по завчерашната изјава на Хојт Ји во Белград, дека земјите (како Србија) кои сакаат во Европската унија „не можат да седат на две столици“, рече дека Ји говорел како пријател на Србија.

„Ние го поддржуваме патот на Србија кон ЕУ, на кој има уште предизвици како што се владеењето на правото, слободата на медиумите и нормализацијата на односите со Косово, зашто без тоа нема да има интеграција во ЕУ“, изјави амбасадорот.

Тој, имајќи ја предвид цитираната изјава на Ји, рече дека „Србија може да има добри односи со Русија, но и со САД, со Кина, и со кој уште сака“.

Скот додаде дека земја која сака да влезе во ЕУ мора на тоа да биде целосно посветена.

„ЕУ има заедничка надворешна политика и очекува истата да се спроведува“, изјави амбасадорот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×