Холандија е за раздвојување на Северна Макеоднија и Албанија, но нема да става вето
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Холандија бара Албанија и Севернa Македонија да бидат третирани одвоено во однос на отворањето на пристапните преговори за членство во Европската унија, за што ќе се расправа на состанокот на Советот на министри во Луксембург на 15 октомври, а конечната одлука треба да биде формализирана на 18 октомври од Европскиот совет.
1-5Ваквиот став произлезе од вчерашната дебата во Комитетот за европски прашања на холандскиот Парламент. Шефот на дипломатијата Стеф Блок го повторил ставот на Владата дека почеток на преговори со Албанија во овој момент би било прерано. Холандија, сепак, нема да стави вето доколку останатите земји членки на ЕУ бидат за старт на преговорите.
Заклучокот од дебатата во Комитетот за европски прашања сега треба да се преточи во заеднички став на парламентарните партии.
Холандското МНР во меѓувреме ги повтори позициите на Владата дека земјите кандидати мора да ги исполнат поставените услови пред отворање на преговарачкиот процес.
Холандија го поздравува направениот напредок во земјите кандидадти, но смета дека нивното оценување треба да биде посебно врз основа на нивните постигнувања.
Во делот за Северна Македонија се вели дека е направен охрабрувачки напредок и се поздравува Песпанскиот договор како пример за решавање и на други отворени прашња во регионот. Се препорачува продолжување на предметите отворени од СЈО и се поздрваува нивното префрлање за понатамошно процесуирање во ЈО. Клучен чекор што треба да се направи е усвојување на закон што ќе гарантира независно Јавно обвинителство и гонење на случаите на висока корупција.
За Албанија, холандската Влада ги поздравува досега преземените чекори, но смета дека мора да бидат направени допнителни напори за зајакнување на борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×