Холандија како претседавач на ЕУ: За осум недели ќе го запреме приливот на бегалци
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Планот на холандското претседавање со Европската унија е во рок од шест до осум недели осетно да го запре приливот на бегалци и мигранти, и да ги заштите границите на Унијата. Вакво ветување даде холандскиот премиер Марк Руте во расправа во Европскиот парламент за холандското водење на ЕУ-работите. Тој подвлече дека за целта е неопходно да се спроведе договорот со Турција за запирање на приливот на мигранти, за прераспределба меѓу ЕУ-членките на веќе пристигнатите бегалци, и да се прават потребните проверки на надворешните граници на Унијата. Во расправата во Европарламентот критики беа упатени за Турција, дека не го почитувала договорот со ЕУ и продолжувала да пропушта илјади мигранти секој ден, но поставено беше и прашањето зошто на одговорност не се повика и Грција „која ништо не прави ова да го запре на своите, кои се и европските граници“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×