Холандија ќе се преименува во Нидерланд
Објавено на од во Политика
Владата во Хаг одлучи да го ребрендира името на државата од Холандија во Нидерланд, како дел од обидите за подобрување на глобалниот имиџ.
holandsko-znameВластите оценуваат дека треба да се обнови сликата за земјата, бидејќи името Холандија ги асоцира туристите на наркотици и амстердамскиот кварт на црвените фенери.
Новиот имиџ на земјата ќе се гради на името Нидерланд, а ќе се популаризира на меѓународни настани, како на пример Евровизија 2020.
Предвидено е и спортистите на Олимпијадата 2020 во Токио да настапуваат под името Нидерланд.
Во многу држави Холандија се поистоветува со целото кралство. Во земјата има две провинции Северна Холандија и Јужна Холандија, но тие заедно се 18 проценти од територијата на државата. Поголемиот број на жители јужните провинции Лимбург и Северен Брабант се против користење на името Холандија за цела земја.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×