Хонгконг ја претрка Луанда како најскап град на светот за нерезиденти
Објавено на од во lifestyle

Хонгконг го помина главниот град на Ангола, Луанда, и стана најскап град на светот за нерезиденти, вели најновото годишно истражување на американската консалтинг компанија Мерсер (Mercer).

Луанда, во 2016 година, по три години по ред на врвот, Хонгонг ја симна на второто место, за што придонело зајакнувањето на хонгконшкиот долар.

Истражувањето на Мерсер споредува цени на над 200 производи и услуги во над 200 градови на светот, вклучувајќи ги трошоците за домување, за храна, за превоз, за облека, за забава …

Референтна единица за споредување на цените е Њујорк, а движењето на вредноста на националните валути се мери во однос на доларот.

Силниот јен е причина за скокот на Токио за шест места на листата, што сега јапонската престолнина ја става на петтото место најскапи градови во светот за живот на нерезиденти.

Зад второпласираната Луанда, на третото место е Цирих – четврт е Сингапур.

Москва поради падот на вредноста на рубљата има најспектакуларно „топење“ на цените, што влијаело главниот град на Русија да падне на листата од 17-тото, на 67-то место.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×