Ховит од Стразбур: Не ја исклучувам варијантата преодна влада
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Имам отворен ум и варијантата преодна влада не ја исклучувам. Тоа е предлогот на една од страните на кој се спротивставува другата страна. Но, ако сега јас јавно кажам дали со сè се согласувам или не, би им нештетил на медијацијата и на процесот“, изјави за Алсат-М европратеникот Ричард Ховит, еден од тројцата посредници во разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ што вечерва се одвиваа во Стразбур.

Изјавата на Ховит е дадена пред почетокот на средбите и во неа поранешниот известувач за Македонија вели дека во процесот се истражуваат сите идеи.
„Искрено, важно е тоа што се обидуваме успешно да го искористиме нашето влијание, но, би било многу погрешно ако јавно зборувам за содржината на тие разговори, зашто тоа би ја ограничило слободата на засегнатите страни да веруват дека можат да зборуваат и да разгледуваат идеи со нас во рамките на преговорите“, изјави Ховит.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×