Ховит, Вајгал и Кукан денеска во Скопје
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Тројцата европарламентарци Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан денеска доаѓаат во Скопје. Од твитот на евроамбасадорот Аиво Орав, објавен вчера на Твитер, станува јасно дека бриселската тројка доаѓаат со цел да помогнат да се елиминираат партиските разлики и да се најде решение за моменталната политичка ситуација во земјава.

„Амбасадорите на земјите членки на ЕУ разговараа за ситуацијата. Партиите треба да најдат решение; утре, е последна шанса со европратениците Вајгл, Ховит и Кукан“, твитна Орав.

Европарламентарците доаѓаат отакако ЕУ и САД преку заедничка изјава рекоа дека во земјава не се исполнети условите за изборите да се одржат на 24 април, извештај што ВМРО-ДПМНЕ не го прифати и тврди дека оценката на меѓународниот фактот е неаргументирана и дека постојат сите услови за изборите да се одржат според датумот одреден со Договорот од Пржино.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×